сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 53 ново

Предизвик за Св. Валентин: Ако ги донесеш двете, куќа чести

Свети Валентин е еден од најпрофитабилните денови во годината и не само во католичкиот свет. Празникот на љубовта се прославува во целиот свет, широко е прифатен и во православниот, а го прославуваат и вљубените во некои муслимански земји.

Сепак, оваа приказна доаѓа од Загреб. Рестораните во главниот град на Хрватска навреме се подготвуваат да ги изненадат вљубените и со понудите да привлечат повеќе муштерии. Еден ресторан ан Реметинец отиде чекор подалеку.

На таблата на која ги објавуваат понудите на денот денеска пишува: „Посебна понуда за Св. Валентин: ја донесете ли љубовницата – 5% попуст, ја донесете ли сопругата – 10% попуст, ги донесете ли двете – КУЌА ЧЕСТИ!“

Дали куќата почетила засега хрватските медиуми не успеале да дознаат 🙂

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top