сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 53 ново

Во оружениот напад во средно училиште во Флорида загинаа повеќе лица

Повеќе лица загинаа во оружен напад во средно училиште во јужна Флорида, пренесуваат американските медиуми.

Полицијата соопшти дека вооружениот напаѓач, кој е ученик од училиштето, е уапсен. Претходно, специјалните полициски единици влегоа во училиштето во Паркленд, кое сега е блокирано.

– Слушнав тропање, а потоа и истрели. Се слушаа врисоци насекаде. Се сокрив под бирото на професорот. Полицијата влезе во зградата и ние бевме изнесени надвор – кажа еден од учениците.

Во порака на Твитер, локалниот шериф наведе дека има најмалку 14 жртви од гимназијата „Марџори Стоунман Даглас“, без притоа да прецизира дали се работи за загинати или повредени.

– Во нападот има неколку загинати лица – изјави сенаторот на Флорида, Бил Нелсон, за телевизијата Ем-ес-ен-би-си.

Училиштето го посетуваат повеќе од 3.000 ученици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top