вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 107 ново

Двајца владици на БПЦ ќе го придружуваат бугарскиот претседател Радев при посетата на Македонија

Бугарскиот прeтседател Румен Рaдев в петок доаѓа во официјална посета на Македонија во придружба на двајца митрополити на Бугарската православна црква – Светозагорскиот митрополит Кипријан, претседател на Синодската архиерејска комисија за преговори со Македонската православна црква и Пловдискиот митрополит Николај.

Комисијата за преговори со Македонската православна црква беше формирана веднаш откако Синодот на Бугрската православна црква одлучи да го прифати барањето да биде црква-мајка на МПЦ.

Според митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, за оваа посета Синодот на Македонската православна црква нема официјални сознанија. Сепак, доаѓањето на двајцата митрополити го толкува како добар знак и придвижување на работите.

 

Засега нема официјлна потврда дали ќе има и работна средба на комисиите меѓу двете цркви, но сосема извесно е дека бугарските владици ќе се сретнат и со членови на Синодот на Македонската црква.

Веста за посетата на бугарски архиереи пред два дена, во изјава за бугарските медиуми ја најави универзитетскиот професор од Бугарија Калин Јанакиев, оценувајќи ја како значаен чекор во односите меѓу МПЦ и БПЦ.

Минатата недела и митрополитот Наум во изјава за бугарската агенција БГНЕС рече дека МПЦ испратила писмо до патријархот Неофит, во кое бара заедничко сослужување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top