вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 62 ново

Се собираат изјави од планинарите учесници во турата во која загинаа Калина и Александар

Федерацијата на планинарски спортови собира писмени изјави од учесниците во турата во која загинаа двајца млади планинари.

Според првичните информации изјава дал и водачот на групата од планинарското друштво „Трансферзалец“, Зоран Костадинов, но таква информација сѐ уште нема пристигнато од друштвото.

-Во изјавите на останатите учесници се потврдувале информациите, кои веќе се објавија во медиумите, дека планинарите кои загинаа и покрај лошото време се одвоиле од групата и одлучиле самоиницијативно да се качат до врвот и покрај лошите временски услови, објавува Телма.

Од Федерацијата на планинарски спортови веќе закажаа состанок за в петок, по кој се очекува да излезат со официјална изјава во јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top