недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 53 ново

Не е точна веста дека Груевски утре ќе оди на суд да ги слуша снимените материјали

На некои провладини медиуми денеска беше објавена неточна информација дека поранешниот претседател на Владата на Република Македонија Никола Груевски утре ќе се појави на суд за да ги слуша незаконски стекнатите материјали кои се дел од доказната постапка. „Република“ дознава дека ниту одбраната ниту Груевски го побарале тоа, а уште помалку го договориле. За волја на вистината, рочиште за случајот „ТНТ“ кое требаше да се одржи утре е одложено на барање на судијата, а во договор со Обвинителството и одбраната.

На судското рочиште за случајот „Траекторија“ што се одржа денеска едно до главните барања на одбраната на Груевски беше да се дадат преписи од материјалите што ги поседуваат СЈО и судот.

-Бараме препис од незакенски стекнатите материјали, односно аудиокопија, нешто што ни следува. Бараме копија и не разбирам зошто без никаква причина СЈО и судот ни врачија дел од доказите, а дел од доказите не ни ги доставија без никакво образложение, освен она што го кажа обвинителката дека може нешто да менува. Ќе потсетам дека ние ќе имаме копија, а не оригинал и благодарам за укажувањето на обвинителката дека материјалот може да се менува, нешто за што и ние предупредивме, рече Груевски.

Целта заради која е лиферувана лажната вест е кај јавноста да се створи привид дека Груевски има пристап до аудиоматеријалите од незаконски стекнатите материјали, така што што судот и СЈО ќе имаат оправдување зошто не ѝ предаваат на одбраната копија од доказите во постапката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top