вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 107 ново

За јавни набавки до илјада евра нема да се распишуваат тендери

Илјада евра ќе биде лимитот за јавни набавки без тендер, објави „Сител“. Со новиот закон лимитот се зголемува на две илјади евра за секторските дејности.

Сомнителните тендери ќе бидат детектирани од електронскиот систем на Бирото за јавни набавки, вели директорот Георгиевски.

– Со тоа ќе се олеснат малите набавки, ги олеснуваме прашањата на многу училишта и градинки, бидејќи имаат дефицит на кадар што работи во јавните набавки. Со зголемување на прагот на јавни набавки пак сме со најмал праг во регионот, односно немаме висок праг за да има опасност од зголемена корупција – истакна Георгиевски.

Бизнис заедницата очекува подобрување на системот за јавни набавки. Од денеска ќе ги доставуваат забелешките и предлозите до Министерството за финансии. Задоволни се што најниската цена нема да биде главен критериум во иднина.

Новиот Закон за јавни набавки треба да стартува со примената од први јануари следната година. Надлежните очекуваат Собранието да го усвои најдоцна до октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top