вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 107 ново

Планинарската федерација формира комисија, ќе го испитува инцидентот во кој загинаа двајцата планинари

Комисијата ќе биде составена од планинари, професионални водичи и од стручњаци.

Планинарската федерација ќе формира комисија, со која ќе го испитува инцидентот во кој загинаа двајца македонски планинари во околината на Воден, на планината Ниџе. Комисијата ќе биде составена од планинари, професионални водичи и од стручњаци.

Ќе бидат анализирани сите релевантни податоци од надлежните институции од Македонија и од Грција, како и податоците од организаторот на експедицијата.

За трагичниот настан родителите на загинатите планинaри бараат утврдување на пропустите и кривично гонење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top