недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 53 ново

Груевски: Кога судиите ги читаат нивните одлуки, ги читаат побрзо, за срамот да биде помал

Никола Груевски, почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ смета дека судството се претвора во класична политичка гилотина и според него постои заробено судство.

– Гледаме судии кои се во непријатна ситуација и извршен е притисок врз нив. Кога ги читаат некои нивни одлуки ги читаат што побрзо, за да што побрзо заврши срамот – изјави Груевски на денешното рочиште.

Тој ја објаснуваше и парадоксалноста на обвиненијата.

– Обвинението кон мене е дека сум ги поттикнал моите соработници да набават блиндирано возило, а во вториот случај да се градат патишта. Јас тоа сум го направил со цел да добијам награда, ама не парична или финансиска, туку во случајот со мерцедесот наградата е дека сум се качил во возилото да се превезам некаде, а во случајот со патиштата политички поени…

Груевски вели дека во сите судења впечатокот засега е дека нема шанса за фер судски процес и правда, односно дека е јасно видлив нееднаквиот третман од судиите и дека во судот буквално се борат и губат време за да добијат елементарни права, кои им следуваат по закон.

Побара и смс пораките кои се понудени од самиот почеток, да бидат отфрлени како недозволен доказ, нешто што веќе требаше да биде сторено поради можноста за манипулација со нив
.
– Исто како во случајот на Зоран Заев судот да донесе формално решение со право на жалба наместо како во нашиот случај решение на записник без право на жалба. Ние сме свесни дека во овие политички процеси, како и сите други жалби досега и оваа апелациониот суд ќе ни ја отфрли, но бараме да имаме можност да го искористиме тоа право на жалба и со тоа бараме да имаме еднаков третман…

Побара и судот да работи законски и како што пишува во законот во да добијат це-де- со снимените рочишта, или стенограмски. Иако снимките се незаконски прибавени и кога апелациониот суд веќе донесе незаконска одлука, барем да се работи по закон и за добиеме препис кој по закон ни следува. Потенцираше и дека треба да се отфрлат вештачењата кои се направени од лица кои немаат лиценца за вештачења што е спротивно на закон од странска подружница, а настрана што и нивниот управител е лице кои долги години беше висок функционер на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top