вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 62 ново

Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ќе го продаде „мерцедесот“ што го наследи од претходниот градоначалник Коце Трајановски.

Според Шилегов, ова возило не е функционално, старо, небезбедно и ја загрозува животната средина. Произведено е во 2003 година, има поминато 14.000 километри. Возилото ќе се продава на јавно наддавање, но треба да се направи проценка за да се утврди неговата почетна цена.

– Во план ми е да го продадам. Старо е 15 години, речиси небезбедно – изјави Шилегов на брифинг со новинарите.

Во меѓувреме, скопскиот градоначалник се служи со сопствено возило кое го користи и за службени потреби. Како што информираат од Град Скопје, градоначалникот нема намера да купи луксузно возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top