недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 63 ново

За новиот асфалт си купи туарег: Градоначалникот на Дебар за Мицковски е политички мртовец

Само што заврши реконструкцијата на регионалниот пат Бошков мост – Дебар Ружди Љата, градоначалникот на Дебар, го реализира првиот прокет во својот мандат – си купи туарег.

Ружди Љата, градоначалник на Дебар

Политичкиот критичар, поранешен функционер на СДСМ, Ивор Мицковски, го нарече политички мртовец воскреснат од СДСМ.

„Ружди Љата, градоначалникот на Дебар кој победи со 700 гласа, благодарение и на поддршката на СДСМ и отворената војна со Алијансата, и кој важи за не многу омилен во градот, си купил Туарег од 50 илјади евра. 
Е па Дебарчани, тоа ви е ДУИ и тоа ти е СДСМ кога ќе реши да воскреснува политички мртовец“, пишува Мивковски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top