сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Судијата Горан Бошевски го прифати вештачењето на фирмата без лиценца на Бузлевски

Компанијата без лиценца Еос, која е со меѓународна испостава, направила вештачење кое СЈО го користи како доказен материјал, пренесува порталот Денешен.

„Денешен“ дознава дека компанијата Еос нема лиценца за вештачење во Македонија, а управител е функционерот на СДСМ и поранешен градоначалник на Ресен Димитар Бузлевски.

Истовремено, еден од вештаците бил и човек со средно образование, но и покрај овие факти судијата Горан Бошевски го прифати вештачењето на СЈО што во суштина е направено од фирма која не можела да врши ваква дејност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top