среда, 23 мај 2018 | Вести денес: 93 ново

Почина дедо Добри, светецот од Бајлово

На 104 годишна возраст почина дедо Добри Димитров Добрев, познат како светецот од Бајлово.
Старецот кој го изгуби слухот за време на Втората светска војна меѓу бугарските христијани важеше за великодушен просјак, кој ги пречекуваше верниците пред разни цркви и манастири, а се што поседуваше го даруваше или на сиромашните или на православните храмови.

Токму скромноста и великодушноста придонесоа дедо Добри да важи за духовен пример во денешниот современ свет. Неговата добрина, топлина и чиста душа уште долго по него ќе останат да се паметат и да ја величат вербата во Бога како начин на живот, но и модел по кој треба да се водат идните генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top