сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Кога гугл транслејт прави мени за во градинка

Едно мени од градинка во Хрватска доживеја неверојатна популарност откако една мајка го објави на социјалните мрежи во една група која се занимава со јазични грешки.

Кога ќе се прочита внимателно менито, ако се игнорираат неколкуте правописни грешки и неточна употреба на падежи, паѓа во очи дека менито го пишувал некој кој е „скаран“ со јазикот. И, што е најважно, не го прочитал пред да го објави. Можно е да се работи и за еден многу чуден автокорект.

Имено, во бизарната низа на јадења кои наводно се нудат во градината има „Апарат за кафе на црвено“, „Заварено коренасто и коренасто свинко“, „колач од марамор“. И златниот медал оди кај „Постојано свински гулаш со ѓубре и крофни“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top