среда, 23 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Холанѓанката Јориен тер Морс со олимписки рекорд до злато во брзо лизгање

Холандската лизгачка Јориен тер Морс го освои златото на трката на 1.000 метри во брзо лизгање на Зимските олимписките игри во Пјонгчанг.

Тер Морс триумфираше со време од една минута и 13,56 секунди и воедно постави нов олимпски рекорд.

Трката втора ја заврши светската рекордерка Нао Кодаира од Јапонија, а бронзениот медал го освои нејзината сонародничка Михо Такаги.

За Холандија тоа е петти златен медал на Игрите во Пјонгчанг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top