сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 8 ново

Пукање пред седиштето на Агенцијата за национална безбедност на САД, тројца ранети, еден уапсен

Најмалку едно лице е застрелано и рането, а еден осомничен е приведен по инцидентот што денеска се случи пред седиштето на Агенцијата за национална безбедност на САД – НСА.  Пукотниците почнале откако црно SUV возило застанало на влезот на комплексот во Мериленд.

Портпаролот на НСА за локалните медиуми изјави дека областа околу комплексот на Агенцијата сега е безбеден по „безбедносниот инцидент“.

Медиумите претходно објавија дека има тројца ранети во пукањето, но портпаролот на локалната полиција рече дека има еден повреден кој веднаш бил однесен во болница.

Не е познато дали пукал некој осомничен или полицијата.

На снимките од NBC News се гледа црно SUV возило со дупки на шофершајбната што изгледаат како од куршуми.

Возилото удрило во бетонските барикади пред влезот во NSA комплексот.

NBC News објави дека нивната хеликоптерска екипа видела група полицајци околу маж седнат на земја со лисици на рацете.

Подружницата на ФБИ во Балтимор соопшти на Twitter дека испратила агенти да го истражат случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top