понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 77 ново

Убиецот Чарлс Менсон се уште не е погребан

Tри месеци од смртта, телото на Чарлс Менсон уште е во Калифорнија, а најмалку четири лица тврдат дека тие треба да го преземат за да го погребаат. Двајца од нив се роднини на Менсон, а другите двајца тврдат дека го имаат неговиот валиден тестамент. Околу телото на Менсон тие водат правни битки.

Во средина на овој спор е полковничката канцеларија во Керн, каде што телото се чува од 19 ноември. Менсон почина во затворот каде што отслужуваше доживотна казна по убиството на седум луѓе во 1969 година.

Џејсон Фримен тврди дека е внук од син на Менсон, кој бил во краток брак со неговата баба, по што се родил татко му Чарлс Јуниор.

Неговиот татко го сменил презимето кога дознал дека е роднински поврзан со убиецот, тврди Фримен. Тој смета дека како единствен внук, треба да го добие телото на својот дедо. Мајкл Брунер е син на една од следбеничките на Менсон, која имала афера со него, по што е роден Мајкл. Тој тврди дека е единствено живо дете на Чарлс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top