сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Кејхил: Уништен сум од вестите за Рајан Мејсон

Фудбалерот на Хал Сити, Рајан Мејсон, во текот на вчерашниот ден објави дека заради тешката повреда на главата се повлекува од фудбалот на 26 години. Кратко по него се огласи и дефанзивецот на Челси, Гери Кејхил кој беше во кобниот дуел со Мејсон кога тој ја заработи тешката повреда.

При судир на главите со Гери Кејхил, Мејсон го извлече подебелиот крај во јануари минатата година и од „Стемфорд Бриџ“ беше итно одведен на операција на черепот, а по цели 13 месеци рехабилитација и најразлични третмани, повеќе врвни невролози му испратиле јасна препорака дека не смее повеќе професионално да се бави со фудбал.

– Уништен сум од вестите кои ги слушнав за Рајан. Борбата за еден корнер е нешто што сме го правеле илјадници пати во нашите кариери, а да има вакви тешки последици по еден голем професионалец како Рајан е срцепарателно. Му ја испраќам сета моја љубов на него и неговото семејство и му посакувам се најдобро во иднина, гласи пораката на Кејхил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top