среда, 15 август 2018 | Вести денес: 0 ново

За шарениот Сарачини Министерството за култура има јасни критериуми, а за културните работници критериумите се партиско-наддавачки

И покрај нездоволството на сите културни работници од средствата предвидени за 2018 година од страна на министерството за култура, во оваа институција не гледаат некој проблем. На дебатната емисија на телевизија 24 вести, претставникот на министерството од редовите на шарените „револуционери“ Петрит Сарачини рече дека се било јасно.

-Критериумите се јавни,кои се приоритети на министерството и тоа може да се види, може да се види и што се финансира што не. Не знам зошто се создава впечаток дека нема критериуми, одговори Сарачини на многуте прашања на присутните во студиото поврзани со тоа кои се критериумите.

Значи додека сите имаат дилема кои се критериумите, од актери, музичари, издавачи и други, ако се погледне на кого му се одобрени средства министерството и Сарачини немаат занив се е јасно.
Освен за критериумите на Програмата која е годишна, се спореше и со критериумите за распределба на средства за Новиот културен бран.

Единствено нешто што призна сарачини е дека нема буџет за артистите и за сите нивни потреби.

За Мирко Попов еден од најпознатите автори и продуценти на електронска музика, критериумите се партиско-наддавачки.

Тој додаде дека воопшто не се гледало кој што работи.

-Сите имаме заеднички интерес. Тоа може да се постигне,но на министерството му недостигаат информации. Не ги знаат младите кои продуцираат одлични производи. Затоа тие наместо да финансираат проекти на живи луѓе, финансираат на „мртви“. Немаат ниту стратегија, посочи Попов.

Според Бобан Милошевскиод Авалон, темата е многу комплексна и треба да се вклучи и владата за да овозможи и економски услови.

-Потребна е здарава економија за да можат граѓаните да ги платат влезниците за музичките имиња кои се брендови а ги носиме во Македонија, вели тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top