вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 107 ново

Во интернет кафе во тетовско нелегално се приредувале игри на среќа

При увид во интернет кафе во тетовското село Милетино во сопственост на Д.Ј.(51) од истото село полициски службеници од СВР Тетово вчера пронашле и со потврда одзеле три покер апарати на кои нелегално се приредувале игри на среќа.

Увидот, како што информира МВР, бил спроведен о периодот од 21 до 23 часото по претходно добиени сознанија дека на нелегален начин се организираат игри на среќа.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top