недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 61 ново

Во Хјустон успешно раздвоени сијамски близначки

Во детската болница во Хјустон, Тексас, успешно биле раздвоени сијамски близначки, родени 2016 година. Тие биле споени во делот на градниот кош и стомакот.

Операцијата е извршена пред точно еден месец и се покажа успешна, односно 13-месечните бебиња се во добра здравствена состојба. Засега лекарите не соопштуваат повеќе детали.

Сестрите близначки се родени на 29 декември 2016 во семејството на Џил и Мајкл Ричардс од северен Тексас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top