среда, 23 мај 2018 | Вести денес: 1 ново

Шумата на смртта – во неа секоја година наоѓаат повеќе од 100 тела (видео)

Се работи за шумата Аокигара во Јапонија, позната и како „море шума“, а нејзиниот статус на самоубиства во таа земја е многу познат. Со право може да се нарече најмистериозното место во Јапонија.

Се наоѓа во планината Фуџи, на два часа возење западно од Токио. Позната е по тоа што полицијата секоја година наоѓа повеќе од сто мртви тела.

На влезот во шумата стои натпис на кој пишува „Животот е драгоцен дар“. А како последна опомена пред да влезат луѓето во неа стои натписот „Размислете уште еднаш за вашите родители, браќа и сестри. Немој да патите сами, подадете рака на некого“.

Поради густата вегетација на полицијата и е многу тешко да ги пронајди луѓето кои ќе се изгубат во шумата, а годишно ги има по неколку стотини. Никој не успеал да разјасни зошто оваа шума е „проклета“, односно зошто во неа одат сите оние кои сакаат да извршат самоубиство.

„Не е ни малку чудно во неа да најдете труп. Но постои граница, грозно е странец да дојде и да го искористи тоа за да заработи пари на Јутјуб“, вели проф. Карен Накамура.

Геологот Азура Хајано, кој долги години го истражувал овој феномен, тврди дека просекот на самоубиства во Јапонија последните неколку години драстично се променил. Претходно тоа самураите го правеле од чест, а денес од депресија и друштвена изолација. Голема кривица гледа во брзиот напредок на технологијата.

За оваа шума има снимено и хорор филм кој се вика „Шума“, каде што едно девојче ја бара својата сестра по што и самата се загинува.

taratur.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top