среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Почина принцот Хенрик од Данска

Принцот Хенрик, кој беше сопруг на кралицата Маргарета од Данска, почина на 83-годишна возраст во нивниот дом. Тој починал додека спие, додека кралицата била покрај него, велат од данската палата.

Официјалната изјава на кралската палата на Данска вели дека принцот Хенрик починал додека спиел во палатата Фреденсборг, северно од Копенхаген, а први за смртта дознале неговата жена и двата сина.

Хенрик е роден во Франција во 1934 година, а во 1967 година тој се венчаше со принцезата Маргарета, која подоцна стана кралица на Данска во 1972 година. Тој беше познат како искрена и отворена личност, а често имаше и коментари за неговата „кралска“ ситуација, за која тврдеше дека не е третиран како еднаков во однос на неговата жена или двајцата синови.

Во 2016 година Хенрик ја напушти кралската функција и му беше вратена титулата принц, а времето оттогаш често го поминуваше во неговата винарија во Франција. Тој беше познат како голем љубител на храна и добро вино.

Хенрик беше хоспитализиран на крајот на јануари поради воспаление на белите дробови, а подоцна во 2017 година му беше дијагностицирана деменција. Тој беше пуштен од болница на крајот на јануари за да може да ги помине последните денови од животот во палатата, заедно со неговото семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top