петок, 17 август 2018 | Вести денес: 79 ново

Несреќа во Словенија: Се судрија четири камиони, се запали се, еден загинат (видео)

Во тешка сообраќајна несреќа во Словенија денеска загина Хрват, возач на камион. Во несреќата која се случила утрово учествувале четири камиони. Три возила изгореле во голем пожар, по судирот. Во пожарот изгоре и цистерната во која животот го загуби 38 годишен маж.

Според полицијата причината за несреќата е неприлагодена брзина. Патот бил блокиран 12 часа. 30 пожарникари го гаснеле пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top