сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 50 ново

Детали за сообраќајката кај Гиновци, две лица повредени

ве лица се повредени во сообраќајката што се случи вечерва во 18:20 часот на магистралниот пат Куманово -Крива Паланка пред селото Гиновце.

Сообраќајката се случила при судир меѓу моторно возило БМВ со кумановски таблички и трактор.

Повредените се наоѓале во тракторот и со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Здравствениот дом во Крива Паланка од каде информираат дека се уште им се укажува медицинска помош.

Сообраќајот се уште во прекин, а увидот се врши од страна на полициски екипи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top