недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 61 ново

Сообраќајка кај Гиновци, сообраќајот во прекин

Кај селото Гиновци на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово вечерва се случи сообраќајна незгода меѓу патничко возило и трактор.
Поради тоа, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин.

Екипа од полициската станица во Крива Паланка врши увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top