недела, 18 ноември 2018 | Вести денес: 43 ново

Фолкерката Стефановска заглавена во хаосот на Буково: Македонија пат дојде да расчистува без сајли и лопати

Фолкерката Татјана Стефановска била во еден од педесетте автомобили кои со часови стоеја заглавени во снежниот хаос на превојот Буково, помеѓу Ресен и Охрид.

-По цели два часа на студ, едвам тргнавме, се движиме во прва брзина. Вистинска драма од обичен снег! Неверојатно е ова што се случува секоја зима на патиштата во Македонија, а уште поневеројатно е тоа што Македонија пат секогаш е наводно изненадена од снегот, посебно во јануари, февруари… – објави фолкерката на Фејсбук.

-Тргнав од Битола кон Охрид, провејуваше по малку снег. Но кога стигнавме на Буково, затекнавме хаос! Очигледно дека снегот не беше исчистен од претходниот ден. Се заглавија два шлепери, зад нив се направи цела колона, над 50 автомобили. Чекавме околу два часа додека да се реши проблемот. Дојде возило за расчистување на снегот, но за несреќа, или пак поради нечија неодговорност, никој немаше сајла, за да се тргнат заглавените шлепери. Се најде некако и сајла од заглавените возачи, едвам се придвижи колоната. Срам голем! Во зима да те изненадува снег, тоа е навистина невидено. Во некои од автомобилите имаше и деца, премрзнаа. Апелирам до надлежните веќе да се поведе ред околу работата на Македонија пат! – револтирано раскажува Стефановска за Фокус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top