недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 3 ново

Лавина на патот Маврово – Дебар , сообраќајот во целосен прекин

Како што информираат од диспечерскиот центар на Македонија пат , поради лавина на патот , во целосен прекин е сообраќајот на патот Маврово – Дебар.

Врнежите од снег предизвикаа проблеми во сообраќајот на поголем дел од патиштата низ државата. Забрана за патнички возила е воведена на планинскиот превој Ѓавато, а на патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила и за автобуси. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, од Стража кон село Колари и обратно и на планинските премини Пресека и Буково.

Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

На планинскиот превој Стража намалена е и видливоста до 100 метри поради магла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top