недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 25 ново

Започнуваат Велигденските пости: Овие работи не смеете да ги јадете, а до сега сигурно не сте ги знаеле

Последната недела пред почеток на големиот Велигденски пост се нарекува сиропусна недела. Таа е од подготвителен карактер и подразбира дека треба телесно и духовно да се подготви за Воскресението Господово.

Големиот пост е најважен посен период во текот на годината и затоа оваа недела, ако постите од наредната недела, морате да се придржувате до одредени правила во исхраната.

За време на оваа недела, забрането е да се јаде месо, но дозволно е да се јаде риба и јајца, што може да се конзумира и на денот воочи големиот пост, на Прочка, по што почнува периодот на пост.

Големиот пост воедно е и најстрог пост на црквата и задолжителен е за сите христијани. Во време на овој пост треба да се воздржуваме од конзумирање месо, јајца, сирење, млеко, значи секоја храна што содржи животински масти.

Риба и вино можат да се конзумираат само на Благовец, Лазарева сабота и Цветници. Среда и петок се строги пости на вода.

Првите три дена од првата недела на големиот пост, се пости строго. Тоа важи и за последната недела од постот, која се пости на вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top