сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 35 ново

По бурните реакции, Бутарис се правда дека изјавата за аеродромот во Солун била погрешно пренесена

По бурните реакции во грчката јавност, солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, на вонредна прес-конференција рече дека неговата изјава за преименување на аеродромот „Македонија“ во Солун била погрешно пренесена.

„Погрешно беа протолкувани моите изјави, никогаш не предложив, ниту предлагам промена на името на аеродромот“, рече Бутарис и додаде дека неговите ставови што ги изнел на синоќешниот состанок не биле објавени во целост, туку само еден дел.

Во врска, пак, со изјавата во емисијата на грчката телевизија „Скај“, Бутарис рече дека тој спиел кога му се јавиле.

„Утрово ми се јавувија од ‘Скај’, јас спиев и ме збунија. Не побарав никогаш промена на името Македонија. За Никос Галис, што беше споменато, ме прашаа кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис“, рече Бутарис.

Тој изјави дека аеродромот „Македонија“ во Солун може да го носи името на познатиот грчки кошаркар Никос Галис, кој е единствената глобално призната грчка личност, влезена и на „Булеварот на славните“. Тој рече и дека патниците се збунети, бидејќи кога се приземјуваат на аеродромот во Солун сметаат дека доаѓаат во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top