четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 116 ново

Ердоган: Тие што се закануваат, никогаш не ја почувствувале османлиската шлаканица

– Оние кои велат дека ќе одговорат агресивно доколку бидат удрени, веројатно никогаш во животот на го почувствувале ударот на османлиската шлаканица, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ваквиот став на Ердоган претставува одговор на изјавата на американскиот генерал Пол Фанк, кој се закани со жесток одговор на еветуален напад врз силите на САД во Сирија.

– Ако не удрите, ние ќе одговориме агресивно. Ќе се заштитиме, изјави Фанк, што беше протолкувано како закана кон Турција, чии сили во рамки на операцијата проптив сириските Курди напредуваат кон градот Манбиџ во Сирија, во кои се стационирани американски војници.

Турција минатиот месец започна офанзива против Силите за заштита на народот на сириските Курди, кои беа еден од главните сојузници на САД во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), што доведе до тензии во односите меѓу Анкара и Вашингтон.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот на сириските Курди за огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која се залага за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Осврнувајќи се на изјавата на Таск, Ердоган во обраќање пред членови на неговата Партија на правдата и развојот (АКП), порача дека американските војници не се на метата на турските сили, но дека „мора да сфатат оти е подбро за нив да не ги поддржуваат терористите“.

Ваквите изјави на Ердоган доаѓаат во пресрет на посетата на американскиот дравен секретар Рекс Тилерсон, кој в петок ќе допатува во Анкара, како и во услови кога однсите меѓу САД и Турција се, како што оцени турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, во „критичн фаза“.

Пред на посетата на Тилерсон, денеска во Истанбул се одржа средба меѓу претставници на Кабинетот на Ердоган и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Херберт Рејмонд Мекмастер. Тема на разговорите, според извори од кабинетот на Ердиоган, било „долгорочното стратешко партнерство“ меѓу Турција и САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top