сабота, 24 февруари 2018 | Вести денес: 81 ново

Чавков повеќе од два часа ја давал својата одбрана за настаните на 27 април во Собрание

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, вчера повеќе од два часа ја давал својата одбрана пред обвинител, за настаните на 27. април во Собрание, објави Телма.

Неговиот адвокат потврди дека распитот е одржан, но дека не поради наредба на обвинителката подетални информации не смеат да бидат споделени со јавноста.

На распит вчера бил и пратеникот Крсто Мукоски, кој е обвинет дека ја отворил вратата од Собрание за влез на демонстрантите на 27 април.Пратеникот од струшко е последниот пратеник од 6-мината осомничени кои дале исказ за истрагата, а покрај друго и нему му биле презентирани снимките од отварањето на една од централните собраниски врати.

Пред обвинител бил повикан и Јане Ченто, а вкупно тројца обвинители вчера сослушувале осомничени за овој настан Денеска пак искази давале сведоци, а утре би требало своите одбрани да ги дадат и последните неиспрашани осомничени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top