сабота, 21 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Скандалозна изјава на Дутерте: Пукајте им во вагините, жените без нив се бескорисни

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте уште еднаш го запрепасти светот со своите изјави и повикот на насилство. Тој им рекол на филипинските војници дека треба да пукаат во вагините на комунистичките бунтовници, наместо да ги убиваат.

– Ова е нова наредба. Нема да ве убиваме. Само ќе ви пукаме во вагините. Без нив ќе бидете бескорисни – им рекол Дутерте на војниците по што сите се изнасмеале, а во меѓувреме бројни организации за заштита на човековите права го осудија неговиот говор.

Според многумина, неговата изјава би можела да го охрабри сексуалното насилство врз жените, како и воените злосторства кои што би можеле да ги извршат припадниците на филипинската армија. Од организацијата „Human Rights Watch” веднаш ја осудија изјавата на Дутерете, истакнувајќи дека истата ги охрабрува војниците на сексуално насилство.

Од левичарската група „Карапатан“ соопштија дека Дутерте себеси се претставил како „фашист кој што поттикнува на најбрутално кршење на меѓународното хуманитарно право“.

Дутерте исто така минатата година им рекол на војниците дека ќе можат да силуваат до три жени, а тие жени ќе одат во затвор на нивното место. Тоа наводно била негова шега.

– За оваа воена состојба и сите последици можам да бидам одговорен само јас. Вие само вршете ја вашата работа. Јас ќе се грижам за другото. Јас ќе одам во затвор наместо вас. Ако силувате три жени, ќе речам дека јас сум го направил тоа – изјавил претседателот на Филипините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top