вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 87 ново

Лисиче и Ново Лисиче без струја, ЕВН упатува на проблем во МЕПСО

Жителите на Лисиче и Ново Лисиче се жалат на проблеми со електричната енергија. Околу еденипол час тие немаат струја.

-Некаде после 14 часот и 30 минути снемавме струја. Се случи на моменти да добиеме, но за кратко време снемувавме – велат жителите на скопските населби.

Дел од граѓаните се жалат дека од постојаните прекини дошло до прегорување на електричните апарати. Тие прашуваат како да функционираат без струја среде зима со деца и повозрасни луѓе.

ЕВН, ич да не ви е гајле што во Лисиче има мали деца, повозрасни луѓе и болни. Ви се погоди уклучи, исклучи струја денеска. Ако не па, да се тешиме дека супер што е и зимава “блага” – коментираат на фејсбук гражани кои живеат во овие населби.

Од ЕВН пак велат вината не е кај нив. Тие прават напори за решавање на проблемот, иако, како што велат, проблемот е во МЕПСО.

-Трафостаница Скопје 4 не се снабдува со струја. Причината побарајте ја во МЕПСО. Ние правиме обиди да им обезбедиме електрична енергија на домакинствата, приклучувајќи ги на други трафостаници, додека да се реши проблемот со Трафостаница Скопје 4 – велат од ЕВН.

Побаравме одговор и во МЕПСО. Оттаму најавија дека наскоро ќе дадат информација за причината поради која Лисиче и Ново Лисиче останаа без струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top