сабота, 24 февруари 2018 | Вести денес: 81 ново

Нано Ружин: Новото име најверојатно е веќе е утврдено, сега Грција го бара гарантот

Професорот Нано Ружин вели дека од изјавите на грчкиот премиер Ципрас, каде бара промена на Уставот на Република Македонија, можеме да заклучиме дека решението е блиску.

– Според изјавите, дојдовме во една финална фаза, веројатно веќе е утврдено името и сега се бара гарантот. Тој гарант, според нивното мислење е Уставот на Македонија, меѓутоа за да се направи тоа, потребно е двотретинско мнозинство кое што во овој миг тешко ќе го обезбеди нашата Влада, што би довело до нови избори, вели Ружин.

Тој додава дека Уставот воопшто не и е гарант бидејќи не гарантира дека утре нема да дојде некоја друга политичка партија на власт која што ќе предложи да се врати старото име.

– Можеби промена на Уставот бараат поради тоа што имаат страв дека меѓународен договор ќе биде срушен од Уставниот суд, имаат тие искуство каде што еден договор со Албанија и беше срушен од албанскиот Уставен суд, но нашиот Уставен нема таква надлежност, вели Нано Ружин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top