вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 87 ново

Српски медиуми: Измамени „Bernays Propaganda“-скандал во Министерството за култура на Македонија

На српскиот портал „Равнододна.ком“(ravnododna.com) денеска е објавен текст со наслов : Измамени „Bernays Propaganda“-скандал во Министерството за култура на Македонија.

Според нив, Македонската филхармонија во понеделникот добила преку 4 илјади евра од Министерството за култура за концерт на групата „Bernays Propaganda“ со истата таа филхармонија за концерт кој наводно е планиран за 27 април, годинава. Тоа би биле одлични вести, пишува порталот, доколку групата „Bernays Propaganda“ воопшто знае нешто за тоа.

Значи, се сомневаат дека станува збор за измама и проневера на сретствата на начин според кој, за сега непознат сторител, го искористил името и угледот на македонскиот инди рок состав со меѓународен углед. Имено, за воопшто да може да се аплицира на конкурс потребно е да се добие пимена согласност од сите членови на бендот „Bernays Propaganda“.

Васко Атанасовски, гитаристот на групата тврди дека никој од нив не побарал такво нешто, па и повеќе од очигледно е дека „Bernays Propaganda“ ги фатиле државните структури во криминал, пишува порталот. До сега сеуште не се огласиле одговорните, а Атанасовски вели дека подготвуваат тужба.

Тој вели дека во време кога директорка на Македонската филхармонија беше Маја Чаначевиќ, во неколку наврати ги повикале за да разговараат за можност за концерт на „Bernays Propagande“ во декември 2017 година. Во меѓувреме Чаначевиќ беше сменета од директорската позиција и на нејзино место дојде Виктор Илиевски и сето тоа падна во заборав.

-И потоа Министерството за култура ги објави резултатите од годишната програма и се чудиме на она што го гледаме. Се јавуваме телефонски во Филхармонија, но и тие беа изненадени бидејќи ништо не знаеја за тоа, но подоцна рекоа дека некој испратил нешто во наше име, но не знаат кој, изјавува Васко Атанасовски за „Равно до дна“ и продлжи: Сега ги бараме да ни ја испратат апликацијата на увид и целата документација, но нема ништо!

Македонија е секако на прагот на скандал во своите културни инстируции, го завршува текстот авторот на „Равно до дна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top