понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 1 ново

Гостиварец фатен со марихуана – кога се обидел да избега, му ја скинал кошулата на полицаецот

Синоќа околу 22.15 часот, полициски службеници од полициската станица Гостивар, на ул. „Никола Тесла“ во Гостивар запреле патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.С. (22) од Гостивар, а како сопатници се наоѓале и А.Д (21) од с. Долна Бањица и А.С. (23) од Гостивар.

При преглед на возилото, зад совозачкото седиште била пронајдена наркотична дрога марихуана. При pрегледот, А.С. (23) им се спротивставувал на полициските службеници и одбивал да влезе во службеното
возило. Тој се обидел да избега и му ја скинал кошулата на еден од полициските службеници, при што му нанел и повреда на левата дланка.

Тројцата биле приведени и задржани во Полициската станица Гостивар. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени содоветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top