недела, 18 ноември 2018 | Вести денес: 40 ново

Какви чевли треба да носите според хороскопскиот знак

Честопати се прашуваме кои се нашите најповолни денови во месецот според хороскопот, како ќе се сложуваме со новиот партнер, која венчаница е идеална за нас. Но, ѕвездите можат да ни го одредат и најсоодветниот модел на чевли според хороскопскиот знак.

Дали ви се допаѓа изборот за вашиот знак?

Водолија

Металик чевли се вистинскиот избор за нив, бидејќи водолиите не поднесуваат досада, што значи дека им се потребни доволно моќни чевли кои ќе го задоволат нивниот дух. Една предност на овие чевли е тоа што можете да ги комбинирате со различни парчиња облека без премногу размислување.

Риби

На вашата креативност и нема крај, што значи дека ви прилегаат чевли кои се вистинско мало ремек дело. „Kitten“ чевлите се многу популарни самите по себе, но слободно може да експериментирате со нив, избирајќи ги оние позабавните со принтови или неочекувани комбинации на бои.

Овен

На мултифункционалните личности како што сте вие, им се потребни удобни обувки со кои можете да продолжите да го водите својот динамичен живот. Од друга страна, овновите се познати како трендсетери, па не е ни чудно што обожаваат да носат патики.

Бик

Биковите сакаат скапи работи и многу често инвестираат во висококвалитетни парчиња и дизајнерски чели. „Nude“ чевлите се совршени за овој знак, бидејќи овие жени се родени лидери, а истовремено овие чевли се секси за вечерните излегувања.

Близнаци

На моменти исклучително социјални, на моменти интровертни, за близнаците се потребни чевли кои ќе ја задоволат нивната подвоена личност помеѓу диско кралица и книжен молец. Поради тоа, идеални чевли за нив се црни чевли со украси, кои одговараат за секоја пригода.

Рак

За смирените ракови идеални се плишаните чевли. Бонус поени ќе добиете ако ја изберете сината нијанса бидејќи тоа е бојата на вашиот знак.

Лав

На вашата силна и моќна личност и се потребни разиграни чевли со кои ќе го освоите светот. Силните и нападни бои се секогаш идеален избор за лавовите, а машничките се составен дел од нив.

Девица

За вас се идеални белите чевли, поради претераната педантност, а од друга страна во вас ќе се разбуди рокерската кралица кое е заспана веќе некое време.

Вага

Рамнотежата е вашето средно име, а наланите на пета се совршени за вас. Тие се идеална комбинација за кежуал и фенси изглед, точно тоа што ви треба во вашите неодлучни утра кога гледате во плакарот и не можете да се одлучите што да облечете.

Шкорпија

Таинствениите и секси шкорпии ги заслужуваат најчудните чевли, а оние со принт на змиска кожа се совршени за нив. Знаеме дека за нив е потребна храброст, но вам тоа не ви недостасува. Згора на тоа, овој принт поради својата неутралност може да се носи во секој период од годината.

Стрелец

Вие сте слободна душа и секогаш во потрага по нова авантура. За вас се идеални класичните сандали во сите облици, бои и височини. Тие се тренди, а тоа одлично се сложува со вашиот личен стил.

Јарец

Јарците се многу амбициозни и ангажирани. Секогаш трчаат од една на друга работа, од еден состанок на друг. На елегантните јарци совршено им прилегаат класичните салонки со шпиц. Боја? Воопшто не е важно бидејќи јарците го имаат во сите бои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top