сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 30 ново

СДСМ излажа: Наместо предвремено пензионирање, продолжен стаж

Во предизборието за парламентарните избори во 2016, СДСМ ветуваше дека во првите шест месеци од мандатот ќе воведе можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањет на правото за пензија.

Ова изборно ветување на социјалдемократите е посочено во нивната изборна програма: „План за живот во Македонија“ , во поглавјето „ПЛАНОТ 180 – ИТНИ РЕФОРМСКИ ПРИОРИТЕТИ НА НОВАТА ВЛАДА ВО ПРВИТЕ 6 МЕСЕЦИ“ – (Социјална политика стр.215). Што значи според изборните проекции опцијата за предвременото пензионирање требаше да се воведе најдоцна до крајот на ноември 2017 година, со оглед на тоа што новата Влада предводена од СДСМ беше избрана на 31 мај 2017 година. Сепак, наспроти ваквите планови, досега (12.02.2018) тоа не се случи, а нема ниту најави дека оваа мерка ќе се спроведе.

Наместо тоа, сега Владата на СДСМ преку невладините организации со кои соработува, најави продолжување на работниот стаж за вработените затоа што постоела дупка во пензискиот фонд, па наместо на досегашните 62 години за жени и 64 за мажи се предлага пензионирање на 64 години за жени и 66 години за мажите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top