сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 43 ново

Финасии денеска ќе позјами 36 милиони евра

Министерството за финансии за денеска закажа аукција на државни хартии од вредност. Според проспектите на Министерството за финансии, понудени се 12 месечни државни записи со и без девизна клаузула, 3 годишни државни обврзници, 5 годишни државни обврзници и 15 годишни државни обврзници. Вкупната сума за задолжувањето е 36 милиони евра. Веќе утре 14 февруари, Министерството треба ја врати истата сума. Македонија покрај домашните задолжувања, позајми пари со еврообврзница од половина милијарда евра. Следното задолжување за раздолжување на домашниот пазар е предвидено за 27 февруари. До јуни, се предвидени по 2 аукции месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top