среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 89 ново

Хулигани крвнички претепаа цела екипа, фудбалерите се онесвестувале од ќотек (видео)

Се случил сериозен инцидент на еден од натпреварите во аматерските лига во Турција. Средбата помеѓу Јени Чанспор и Султангази заврши нерешено со 2-2. Но, токму тогаш почна хорор.

Откако завршил натпреварот, на терен влетале хулигани на домашната екипа и започнале да ги тепат гостите. Атакот не запрел ниту во соблекувалната каде што крвнички, буквално до онесвестување биле тепани фудбалерите.

Од видеото може да се види како некој од гостинските фудбалери онесвестени лежат на подот, додека други во паника со раскрвавени глави пробуваат да се засолнат.

Турските медиуми пишуваат дека пет фудбалери со сериозни повреди биле веднаш хоспитализирани во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top