вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 88 ново

Дружба со авторката Јана Мишо и потпишување на книгата „Скоро парижанка“

На 14. февруари (среда) со почеток во 18 часот во книжарницата „Литература.мк“ ќе се одржи дружба со авторката Јана Мишо која е замислена како настан од неформален карактер. Авторката ќе потпишува примероци од својот роман „Скоро парижанка или Како да ги преживееш своите доцни дваесетти… во Париз“, во реиздание на „Арс Либрис“, дел од Арс Ламина публикации.

Хронолошки, овој е прв роман на Јана Мишо, по кој следува нејзиното второ дело „Анаис од Монмартр“, исто така во издание на „Арс Либрис“. И двата романи се нејзини преводи на првичните изданија на англиски јазик.

Јана Мишо е и блогерка и колумнистка, вљубеничка во градот Париз, од каде што ја црпи инспирацијата за пишување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top