сабота, 24 февруари 2018 | Вести денес: 81 ново

Почнаа подготовките за четвртиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Почнаа подготовките за четвртото издание ракометен камп на капитенот на македонскиот национален тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров, „Кирил Лазарв 7“.  Кампот и оваа година ќе се одржи во Охрид, во спортскиот комплекс на хотелот „Аквалина“, во две смени стартувајќи од 20 јуни до 02 јули 2018 година.

Како што беше тоа случај и претходните години, Лзаров и ова лето е подготвен да одвои време, подготвен е целото негово знаење кое го стекнал во својата пребогата спортска кариера да го пренесе на младите во нашата Македонија.

– Задовоство и чест ми е да го најавам стартот на подготовките и пријавувањето за четвртото издание нашиот ракометен камп. Изминатите години поставивме високи стандарди во организација на самиот камп од секој аспект и ќе биде многу тешко во иднина да ги следиме и дополнително да ги надоградиме. Ќе се обидеме оваа година да бидеме поиновативни, по креативни, поквалитетни како во спортскиот така и во делот за едукативните предавања и организацијата на слободното време на нашите кампери – изјави капитенот Лазаров.

Изминатите три години на кампот на најдобриот стрелец во историјата на ракометот поминаа повеќе од 700 учесници, голем дел од Македонија но и кампери од Босна, Данска, Шведска, Романија, Србија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Шпанија и Франција. Насмевката на нивните лица, задоволството кај нивните родители е најголема награда и сатисфакција за вложениот труд и посветеноста на тимот на Лазаров.

– Радува фактот на исклучително големата заинтересираност за овој настан годинава и тоа не прави да се чувствуваме горди, но од друга страна и многу поодговорно да пристапиме на организацијата на кампот кој и оваа година ќе се одржи во прекрасниот Охрид. Да бидам искрен, со нетрпение го очекувам јуни и нашето ново другарување, седум дена каде што ќе тренираме и учиме ракомет, каде ќе бидеме позитивни, поставуваме нови цели, ќе се едуцираме што значи здрава и правилна исхрана, развиваме тимски дух и дисциплина, како предуслов за успех во спортот и во животот – вели Лазаров, носител на проектот Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.

Организаторот на кампот, агенцијата „КМГ Спорт“ информира дека покрај седум дена тренинг со Капитенот, тимот тренери и гости од нашата земја и странство, секое дете од Македонија учесник на кампот има обебедено превоз до и од местото на одржување на кампот, медицински преглед во „Жан Митрев Клиник“, комплет опрема од данскиот произвоител ХУМЕЛ, комплетно здравствено осигурување, сместување во хотел од висока категорија и 24-часовен мониторинг од медицински тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top