понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Серена играше прв пат по породувањето – еден детал ја фрли тенисерката во втор план!

Американската тенисерка Серена Вилијамс се врати на терен после породувањето.

Таа со сестра и Венус одигра дубл во рамки на Фед купот против Холандија.

Тие двете беа поразени од парот Керхова-Шурс со 2:0 во мечот кој не беше резултатски важен, бидејќи Американките славеле со 3:1.

Серена меѓутоа остана во втор план за време на овој меч бидејќи на трибините се најде и Алексис Олимпија Оханијан.

Во прашање е петмесечното бебе на Серена Вилијамс која мечот го следеше од скутот на татко и, Алексис Кери Оханијан, американски милијардер и основач на сајтот Редит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top