понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 78 ново

Четврта студентска филолошка конференција на факултетот „Блаже Конески“

На 14 април по четврти пат ќе се одржи студентската филолошка конференција „Како си ми?“ во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Поканети се да учествуваат пред студенти од сите универзитети и факултети во Македонија кои се на додипломски студии, или имаат дипломирано во последните дванаесет месеци. Ги охрабруваме да се пријават студентите кои не студираат на Филолошкиот факултет, а чии дисциплини имаат допирни точки со филологијата. Конференцијата ќе се состои од презентирани десетминутни групни или индивидуални излагања по кои ќе има дискусија, вели организаторот.

Темите на излагањата може да бидат од областа на филологијата, лингвистиката, книжевноста, културата, методиката, преведувањето или толкувањето, или други области поврзани со нив. Работен јазик на конференцијата е македонски, а темите може да бидат споредбени.

Идејата на овој настан е да се поттикне интересот кај студентите за истражувачка работа, јавна презентација и дискусија на темите што нѐ интересираат за време на нашите студии. Во тек е пријавувањето за учество, а рокот за пријавување е до 1 март. За пријавување потребно е да се испратат лични податоци, тема на излагањето и апстракт (од 150 до 200 збора) на kakosimi.flf@gmail.com Повеќе информации може да се најдат на повикот, фејсбук страната и блогот на „Како си ми?“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top