сабота, 26 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Саакашвили уапсен, претепан и депортиран во Полска: Го фрлија на под и му вперија пиштол (вознемирувачко видео)

Киевските медиуми соопштуваат дека Сакашвили е уапсен. Непознати луѓе со униформа влегоа во ресторанот, го фрлија на под и најпрво викаа по него, а потоа вперија и пиштол. Саакашвили ги праша: “Што правите со тоа” (мислејќи на оружјето), а комуникацијата продолжи на руски јазик.

Потоа медиумите објавија дека Саакашвили по итна постапка е однесен на аеродромот во Борипољ, Киев, и од таму е депортиран од Украина, бидејќи му истекол рокот за престојување во земјата. Земјата во која е депортиран е Полска.

Украинската служба за гранична контрола соопшти дека лидерот на украинското Движење на новите сили бил депортиран во Полска.

– Тоа лице илегално престојуваше на територијата на Укарина и затоа согласно сите законски процедури тој беше вратен во државата од каде што пристигнал, нарушувајќи го државното законодавство, се посочува во соопштението на украинската Служба за гранична контрола.

Михаил Саакашвили е поранешен грузиски претседател и лидер на украинското Движење на новите сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top