сабота, 21 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Од 60.000-180.000 денари оштета ќе ви исплати Град Скопје ако ве касне куче скитник

Во случај да ве касне улично куче, може да барате оштета од Град Скопје и „Комунална хигиена“. На адреса на градските власти за последниве две години по основ надомест на штета поради каснување од куче има поднесено 68 тужби. Висината на оштетата се движи меѓу 60.000 и 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите, последиците од нанесените повреди, пишува „Независен весник“.

Тужбите се засновани врз основа на член 10 од Законот за Град Скопје и член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

-Досега се отворени 68 постапки , некои се веќе завршени, а некои се во тек и многу тешко е да се дефинира точно колку се исплатени оштети по овој основ, информираат од Град Скопје.

Инаку, се почесто се регистрирани случаи на нападнати и каснати минувачи од страна на бездомните кучиња по скопските улици. Само изминатиот викенд петмина скопјани пријавиле дека биле нападнати и каснати. Двајца мажи биле напaднати во општина Центар, а три жени на улицата „Лука Геров“ во скопската населба Даме Груев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top