среда, 23 мај 2018 | Вести денес: 93 ново

Ана Николиќ за „Република“: Вооружете се со добро расположение, ветуваме одлична журка

Пејачката Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ Раста закажаа заеднички концерт, прв по разводот со кој ја изненадија јавноста.

Двојката има петмесечна ќерка, Тара, а заедно ќе настапат во Скопје во февруари-факт што изненади многумина кои мислеа дека по разводот ќе прекинат секаква делона соработка, но тоа не се случи.

Ана и Раста објавија видео во кое насмеани и расположени најавуваат дека ќе ги видите „прв и последен пат заедно“.

Тие допатуваа во Скопје деновиве, а ние успеавме да поразговаравме со Ана…

Концертот во Скопје го најавивте како спектакл каков што не памети Македонија. Што да очекува публиката?

-Публика може да очекува еден сценско-звучен-танцов спектакл. Затоа што се застапени мултимедијални елементи, ќе имаме одличен звук, ќе ги имаме најдобрите Ди-џеи, многу танчери, прекрасни костими…Ветувам ќе биде спектакуларно.

Во промотивното виде со кое се најавува концертот во Скопје елите дека на овој концерт ќе ве видиме „прв и последен пат заедно“. За што станува збор?

-Тоа беше една наша интерна шега….

Каква музика сакате да слушате за своја душа?

-Па не знам искрено. Сакам да ги слушам и нашите „народњаци“, некои стари добри песни. Сакам да одам во ресторани, иако тоа се поретко го правам тоа. Имам свој список на песни што сакам да ги слушам, но откако сум со Стефан и животот ми е поврзан со него слушам многу, многу странска музика. Тој едноставно само тоа слуша, така што од сабајле кога ќе станеме, па се до вечер во куќата ни ечи ар-ен-би музика, нип-хоп, црнечка музика итн. А кога сум сама во автомобил слушам „народњаци“.

Која ви е омилена песна?

-Имам многу омилени песни. Ги сакам песните на Џеј, на Саша Матиќ, Цеца…Имам мои песни кои секогаш сакам да ги слушнам. Донекаде и растен со таа музика и веријатно затоа ја сакам. Но, доста ја следам и странската музика благодарение на Стефан, така што слушаме секаков вид музика.

Се занимавате се пеење од 22 години. Со песната „Јануар“ го свртевте вниманието на јавноста на својата работа и во 2003 година излегува истоимениот деби албум благодарение на кој добивате Оскар на популарноста за поп пејачка на годината, хит на годината и албум на годината. Какви спомени имате од тоа време?

Имам прекрасни, сјајни спомени од тоа време. Првиот албум навистина беше ужасно популарен, секоја песна беше хит. Навистина беше неверојатно од единаесет песни-десет хитови што на пејачите ретко им се случува. Мислам дека Харис Џиновиќ имаше еден таков албум на почетокот на кариерата, каде од девет песни на албумот имаше девет хитови. Но,од друга страна тоа е отежнувачка околност бидејќи добиваш една задача која потоа мораш да ја повториш, а не е лесно да се повтори, кога ќе ти се случи првпат голем успех. Мислам дека тука и продуцентот се потроши и вториот албум не беше како првиот. Направивме добар албум „Девојка од чоколаде“ и спотови и се беше во ред, но мислам дека кариерата тука крена малку низбрдо. Потоа го сменив менаџментот, го сменив продуцентот и мојата кариера тргна по нагорна линија на која и денеска се наоѓам. Имаше тука и лоши работи. Знаете јас влетав релативно неспремна за свет каков што е естрадата. Кога го вела ова мислам на луѓе кои се занимаваат со некои чудни работи во животот, доста ниско ниво на свест…А јас во сето тоа како еден одличен ученик, „Вуковац“ кој студираше, не се снајдов баш најдобро. Пливав јас тогаш некако и сеуште пливам, но не се чувствував баш пријатно, но веќе мојата кариера го достигна нивото кога телефонот може да ми биде на „silent“ и кога сакам да немам контакти со никого. Сето тоа благодарение на мојот брат кој е мој менаџер, а сега и благодарение на сопругот, така што навистина јас во овој момент сум презаштитена и се чувствувам како принцеза во дворец. До мене тешко се доаѓа, но не поради надменост, туку едноставно сум опкружена со овие мои луѓе, блиски лица имам во мојот круг така што ништо не ме допира. А имаше се и сешто.

Сметате ли дека можеби нешто можете да биде поинаку?

-Можеби можев и повеќе да постигнам, но јас едноставно не сум „работохолик“ и некако сум така успорена. 21 век е, а еве јас сум „old fashon gilrl“…Јас сум некоја романтична душа, таква ми е душата, секогаш сум сакала романтични нешта, да читам стари книги. Книга, на пример, не можам да читам од компјутер, го сакам мирисот на книгата, едноставно таква сум. Така ми изгледа и станот, просторот во кој живеам, такви хотели избирам, едноставно живеам во минатото…

По тригодишна пауза се појавивте на фестивалот „Беовизија 2006“ на кој настапивте со композицијата „Ромале, Ромали“ и го освоивте второт место, односно четврто во финалниот избор. Песната стана хит на годината. Следен пат настапивте на Беовизија со песната „Били смо најлепши“…Дали повторно би учествувале на беозивија? Дали сеуште ви е предизвик?

Немам повеќе желба. Мислам дека тоа натпреварување потполно ја загуби смислата и дека нема повеќе никаква тежина. Но, мислам дека со песната „Ромале Ромали“ требаше да ја претставувам Србија на Евровизија. Тоа беше вистински хит.

Што би им порачале на фановите во Македонија?

-Би им порачала да си купат карти за концертот на време, бидејќи мислам дека ќе бидат распродадени и се вооружат со добро расположение бидејќи ќе има одлична журка на 16 февруари во „Борис Трајковски“.

А што би им порачале од оваа дистанца на младите пејачи? На оние кои сега ја почнуваат кариерата?

Верувајте, нив не им треба совет. Знаат тие подобро од мене што да прават. Тоа се напредни генерации, ти се знаат.

Завршивте политехничко училиште, отсек дизајн. Дали некогаш сте размислувале да се занимавате со дизајн доколку ја оставите музиката? Што би работеле доколку не пеете?

-Па, искрено не сум размислувала. Со дизајн можеби би се занимавала, но знаете јас завршив за дизајн на чевли. Тоа е мошне креативно, но можеби би се усовршила за дизајн на накит. Тоа ми звучи некако примамливо.. Но сепак мислам дека можеби најдобро би се снашла во оваа работа, но овојпат зад камерата. Како некој кој би создавал ѕвезди, бидејќи јас знам што треба за тоа.

Рековте дека сакате да читате. Што повеќе сакате проза или поезија? Кој ви е омилен автор?

-Имам повеќе омилени автори, а читам повеќе проза или книги за самопомош и стручна литература од таа област, психолошки книги, белетристика помалку и сакам да ги читам класичните романи како „Војна и мир“, „Ана Каренина“…Ги сакам руските класици Толстој, Достоевски. Сакам се што е старо.

Вашата ќерка се вика Тара. Зошто го одбравте тоа име? Постои ли некоја симболика? Кој го избра името?

-Најискрени требаше да се вика Скарлет и тато не се согласи со тоа име. Една од опциите беше Тара и тоа можеби на последно место беше тоа име. Во оптек беа Скарлет, Дрина или Тара. Тој едноставно излезе од клиниката за породување и објави дека се вика Тара, а ја сеуште лежев со полуанестезија и не можев да реагирам. Тој не сакаше неговата ќерка да се вика Скарлет и јас му дозволив. Мојата кума ми ја даде идејата за тоа име и мене многу ми се допадна, но мислам дека Тара совршено и стои. Таа навистина изгледа како некоја Тара, но и Скарлет сега гледам дека ќе и прилегаше, бидејќи кога се роди имаше малку темна кожа, но сега веќе станува да биде русокосо девојче и очигледно е дека многу личи на татко и, така што Скарлет ќе и стоеше совршено.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top