сабота, 26 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Несреќа во Скопје: Малолетник управувал со возило, седум лица повредени

Вчера, околу 13:20 часот во полиција било пријавено дека на улицата „Драчевска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила.

Како што информираат од полицијата, сообраќајната несреќа се случила меѓу возилото „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник и патничко возило „Форд Галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано 27-годишниот В.А., двајцата од село Студеничани, скопско. По незгодата, двајцата возачи и сопатниците од возилото „Форд Галакси“ – Х.А. (51), И.А. (54), М.А. (79) и К.А. (50) и Ф.А. (32), сите од село Студеничани, скопско, со две други возила и возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. На сите им била укажана лекарска помош. Кај малолетникот биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останати лица биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top