среда, 15 август 2018 | Вести денес: 71 ново

Повредената Македонка во сообраќајката во Солун е во критична состојба

Девојката која во саботата беше повредена во сообраќајна несреќа во Солун е приклучена на машини и е во критична состојба, додека пак на повредениот маж утре ќе му биде извршена операција на бутната коска.

Двајцата македонски државјани беа повредени во сообраќајка што се случи во Солун во саботата попладне во близина на ИКЕА, додека стоеле на островче, кога во нив удрило возило кое изгубило контрола, веројатно поради голема брзина и излетало од коловозот.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, двајцата Македонци, 27 годишна девојка и 38 годишен маж и возачот веднаш биле пренесени во болница.

Семејствата на повредените, веднаш по несреќата биле известени од Конзулатот на Република Македонија во Солун, а македонското ДКП е во постојан контакт и со докторите од двете грчки болници во кои се пренесени повредените и со родителите на двајцата македонски државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top