среда, 15 август 2018 | Вести денес: 71 ново

Муштерија збеснал во салон на мобилен оператор: Не сакал да чека ред, удирал по пултот, се карал со вработените

Во салон на мобилен оператор, во еден од трговските центри во Скопје, вчера се случил инцидет заради кој вработените морале да повикаат обезбедување.

Проблематично лице кое откако стасало во салонот веднаш се упатило на шалтер без да го почитува редот. Вработената го опоменала клиентот дека мора да се запази редот и дека за да ја добие услугата мора од електронскиот систем да извади тикет за ред на чекање.

Опомената дополнително го налутила клиентот па тој почнал да удира на пултот расправајќи се со вработените. Гневен дека вработените побарале помош од патрола, проблематичното лице брзо го напуштило објектот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top